Најемотивната приказна за Марадона: Не му дозволија да игра на стадионот, па мечот се одиграл во кал

Фудбалот остана без еден од најголемите играчи на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Аргентинецот почина вчера на 60 години од срцев удар.

Иако во текот на целиот живот беше пратен со многу контроверзии, Марадона знаел да биде и хуманитарец. Уште се памти неговата акција да се спаси животот на едно болно детенце, на кое му требале пари за операција. Марадона ветил дека ќе организира хуманитарен меч, но не било сè според планот.

Челниците на Наполи не дозволиле натпреварот да се игра на „Сан Паоло“, но Марадона бил решен да има фудбалски меч. Ги собрал соиграчите и заминале на локално игралиште, каде што теренот бил каллив. И во такви услови, мечот се одиграл, а тимот на Марадона победил со 4:0. Аргентинецот постигнал два гола.

За операцијата на детето биле потребни тогашни 20 милиони лири, а самиот Марадона од организирање на натпреварот собрал 15 милиони лири. Останатите пет милиони биле собрани со помош на донации.

- Оглас -

Најнови вести