Најглупавиот начин за промоција на еден играч (Видео)

Горан Чаушиќ е играчот кој го имаше можеби најглупавото преставување во својот нов клуб. Сакајќи да се биде во чекор со модерното време, Чаушиќ преку Инстаграм реши да покаже каде го прави својот нов трансфер. Тој потпиша за Арсенал Тула, клуот во кој играше пред да дојде во Црвена ѕвезда.

Со Ѕвезда минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на шампиони, а во првенството одигра 21 натпревар во кој даде еден гол, а се израдува и на титулата во домашното првенство. За да го навести враќањето во Арсенал Тула, Чаушиќ го отвори својот Инстаграм профил и реши повеќе да не ја „следи“ Црвена ѕвезда, а нов „пријател“ на социјалната мрежа да му стане Арсенал Тула.

 

- Оглас -

Најнови вести