Најголем губитник сезонава: Поради клубот го одби „најсветото“, а сега нема никаде да игра

Талентираниот фудбалер на Лестер, Абдул Фатау е еден од најголемите губитници во фудбалот за оваа сезона. Тинејџерот пред еден месец доби покана да биде дел од репрезентацијата на Гана за настап на Африканскиот куп на нациите, но Фатау реши да ја одбие поканата.

Ова беше многу чудно затоа што африканските фудбалери го сметаат за многу важен настапот на континенталниот собир, посебно ако е некој кој има само 19 години и добие таква покана. Фатау одбивањето на репрезентативните обврски го објасни со тоа дека сака да се посвети на клупската кариера и дека не сака да пропушти важни дуели на Лестер во тој период.

Сепак, Фатау нема да може да игра за Лестер, и тоа на следните три меча, откако доби директен црвен картон на средбата против Ковентри. Суспензијата му е на три средби, а тоа се мечеви кои ќе се играат во следните 30-тина дена.

Сега 19-годишниот фудбалер нема да може да игра за Лестер, а веќе е доцна да се приклучи на репрезентацијата, па Фатау во следните четири недели ќе остане без настап.

Според распоредот што го има Лестер, младиот интернационалец од Гана ќе може да се врати на теренот најрано на 10 февруари, а колку за споредба, Африканскиот куп на нациите завршува на 11 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести