Најголем срам за Реал Мадрид во последните 33 години

Реал Мадрид и на четврти меч едноподруго, од кои три во шпанската лига, не успеа да даде гол, а вечерва прими во 95 минута, па загуби со 0:1 на гостувањето кај Алавес во Виторија. Реал својот последен гол го даде на 22 септември против Еспањол, кога се мачеше за да триумфира со 1:0.

Европскиот првак повеќе од 400 минути нема дадено гол, па добро ќе им дојде паузата во првенството од две недели, и ќе може да заборават на овој пекол кој им се случува. Проблемот е што тимот не ни креира доволно шанси, камоли да постигне гол.

Ѕвездите во бели дресови кога мислеа дека ќе одиграат 0:0, Ману Гарсија добро се снајде во петерецот и им нанесе нов пораз, по кој притисокот врз тренерот Хулен Лопетеги ќе биде уште поголем, иако тој правеше измени со кои се обиде да го смени ритамот. По повредите на Иско и Марсело, се покажува дека Реал е импотентен.

- Оглас -

Најнови вести