Најголемата утка ја направи легендарниот шкотски клуб: Можевме да го купиме Модриќ за 3,5 милиони фунти

Али Мекојст, легендарниот шкотски напаѓач, кој има над 400 настапи за Глазгов ренџерс и повеќе од 250 голови за легендарниот клуб, објави интересна информација за големата утка на 55-кратниот шампион на Шкотска што се случи пред 15 години.

„Можевме да го купиме Лука Модриќ за сума од околу 3,5 милиони евра, но ми беше кажано дека клубот нема толку пари. Бев испратен во Загреб како скаут на Глазгов ренџерс за да го следам Ведран Чорлука. Тогаш, по наредба на менаџерот Волтер Смит, гледав меч на Динамо Загреб и веднаш забалежав едно момче што игра извонредно на средината на теренот. Ни требаше десен бек, но јас пријавив веднаш да се купи Модриќ. Им реков дека игра апсолутно генијално, но ми одговорија дека нема пари за таков трансфер. Промашивме да купиме генијалец за 3,5 милиони фунти“, раскажа Мекојст.

Потоа Лука Модриќ се пресели во Тотенхем, каде што играше и Чорлука, а Глазгов ренџерс не купи ниту еден од тандемот хрватски репрезентативци.

Модриќ од Тотенхем во 2012 година се префрли во Реал Мадрид и е меѓу најдобрите играчи за врска на сите времиња.

Со Кралскиот клуб има вкупно 16 пехари, највредни се четирите титули во Лигата на шампионите и двете во Ла Лига, а Модриќ има и многу индивидуални признаниј, меѓу кое се издвојува „Златната топка“ што ја доби за најдобар играч на светот во 2018 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести