Најголемиот го заслужи ова, Абердин ја презентираше статуата на Алекс Фергусон (Фото)

Шкотскиот фудбалски клуб Абердин, денеска на својот стадион ја покажа статуата на сер Алекс Фергусон, а откривањето го направи лично легендарниот Ферги.

Фергусон кој има 80 години, од 1976 до 1986 година го водеше Абердин, и во тоа време, клубот освои три титули првак на Шкотска, а го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на Европа. Потоа Фергусон стана тренер на Манчестер јунајтед и испиша историја, па уште е најтрофеен стручњак во историјата на фудбалот.

Сепак, корените му се во Шкотска, Абердин беше клубот во кој Шкотланѓанецот Фергусон го привлече вниманието, и сега дојде редот да му се оддолжат со споменик.

- Оглас -

Најнови вести