Најголемиот критичар на Мурињо го призна „поразот“ и му се извини за изјавата од пред неколку години

Ситуацијата во Манчестер јунајтед во последните сезони е далеку од идеална, а клубот речиси и да нема осовено позначаен трофеј.

Последниот од нив дојде во 2017 година, кога под водство на Жозе Мурињо ја освоија Лигата на Европа, додека во Премиер лигата завршија второпласирани.

Португалецот своевремено кажа: „Да се заврши втор со овој Манчестер јунајтед, со вакви лоши играчи и менаџмент е еден од најголемите успеси во мојата кариера.“

Еден од најголемите критичари на Португалецот, Рио Фердинанд, којшто е легенда на Манчестер јунајтед и во неколку наврати јавно го нападна тренерот, сега ја призна грешката.

„Знам дека на времето велев дека изјавата на Мурињо е смешна и дека клуб како Манчестер јунајтед е срамота да се пофали со тоа дека ја освоил Лигата на Европа и завршил втор во Англија.

Но, ако ги погледнеме последните сезони, јасно е дека за тоа што го кажа Жозе е во право иако мене како навивач на Манчестер јунајтед ми е срам да го признаам тоа.

Се надевам дека работите ќе се променат набрзо, но знам дека тоа нема да биде лесно“, кажа Фердинанд.

- Оглас -

Најнови вести