Фудбалерот што во Англија беше прогласен за најголемото трансферно промашување на Арсенал во историјата, Николас Пепе, сега е нов член на Вилјареал. Тој се пресели во Шпанија на слободен трансфер, откако претходно беше соиграч на Енис Барди во Трабзонспор.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, кој има 29 години, за првпат во својата кариера ќе игра во Ла Лига.
Пепе стана големо разочарување откако Арсенал го купи за рекордни 80 милиони евра во 2019 година, но на теренот апсолутно не ги оправда очекувањата.
Во Вилјареал, Пепе беше претставен со атрактивно видео инспирирано од популарниот серијал “La casa de papel”.
🍿 Get your popcorn ready for the new season🍿
— Villarreal CF English (@VillarrealCFen) August 4, 2024
pic.twitter.com/dtbgMwoD5Q