Најголемото промашување сезонава во Премиер лигата (Видео)

Тотенхем со 3:1 го победи Нотингем форест во меч по кој домаќините со трите бода стигнаа до четвртото место на табелата, последно кое води пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.

тотенхем поведе со автоголот на Муриљо, а потоа Вуд израмни на 1:1. Токму Вуд имаше голема шанса да направи целосен пресвет и да го доведе Нотингем форест во предност, но за чудо на сите на стадионот, промаши.

Голгетерот на гостите се најде на само само два-три метри од противничкиот гол, голманот беше паднат, мрежата беше празна, Вуд шутираше силно, но неговиот удар заврши во стативата. Ова промашување може да го видите ТУКА.

Во продолжение на дуелот Тотенхем даде два гола во второто полувреме и стигна до трите бода. За разлика од Тотенхем, Челзи на гости кај фенерџијата Шефилд јунајтед одигра само 2:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести