Најконтоверзниот газда на клуб повторно шокираше: Вакцинираните фудбалери нема да играат!

Џиџи Бекали, кој е долгогодишен сопственик на романскиот гигант ФЦСБ (поранешна Стеауа), повторно направи хаос во тамошниот фудбал. Бекали објави војна против вакцинираните фудбалери откако забрани во неговиот тим да играат играчи кои се вакцинирани против корона-вирусот.

Во изјави за романските медиуми, Бекали вели дека вакцинираните фудбалери ја имаат загубено силата и затоа не ги сака во неговиот клуб.

Газдата на тимот од Букурешт вели дека во составот може да бидат оние фудбалери кои имале лажни сертификати за вакцинација, но дека оние кои навистина се вакцинирале, нема да добијат дозвола за настап. Бекали веќе подолго време е голем поборник против вакцинирањето.

„Ако треба да одберам меѓу пиштол и вакцина, попрво би го одбрал пиштолот и би си пукал директно во глава! Нема ништо од вакцинацирање во мојот клуб“, неодамна изјави Бекали, кој сега очигледно се решил на уште порадикални потези.

- Оглас -

Најнови вести