Најлошиот тајм-аут на ЕП 2020 – Филип го смрзна Здрахала (Видео)

Јан Филип и буквално го смрзна Ондреј Здрахала со топката в рака, кога бекот на Чешка се подготвуваше да ја затресе мрежата на Шпанците. Селекторот на Чешка повика тајм-аут, а верoјатно тоа е и најлошиот момент за тајм-аут на Европското првенство во ракомет.

Здрахала беше сам, умешно се проби на линијата од шест метри и со голема сигурност ќе постигнеше гол, но остана со топката в рака, кога го слушна звукот на сирената што означува тајм-аут.

Чесите секако ќе загубеа од Шпанците, кои славеа со 31:25 и поставија рекорд во историјата на Европските првенства со 7 победи по ред.

Четири имаат на ова ЕП, а три нанижаа и на претходниот шампионат на кој ја освоија европската круна.

Погледнете го најлошиот тајм-аут на првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести