Најлошиот тим во историјата на фудбалот во Британија победи по цели 840 дена!

Шкотскиот клуб Форт Вилијам, кој има прекар најлош фудбалски тим во Велика Британија, по цели 840 дена без победа, конечно успеа да совлада некого. Тие со стил и победа од 5-2 ја прекинаа црната низа од 73 средби по ред во кои или губеа или играа нерешено.

Форт Вилијам го победи Неирн каунти во меч од северниот куп на Шкотска. До вчера клубот не знаеше за радост уште од април 2017 година, што е пауза точно од 840 дена. А, и тогаш победија убедливо, со 4-1 против Страспи Тистл.

Во минатата сезона, Форт Вилијам во петтата шкотска лига заврши со негативна гол-разлика дури од 221 и имаа само две ремија, додека сите други мечеви ги загубија.

Форт Вилијам има стадион со капацитет од 1 800 седишта, а просечната плата на фудбалерите во тој тим е само 20 фунти неделно.

- Оглас -

Најнови вести