Најлуда ММА борба – „три на три“ (Видео)

Публиката во главниот град на Филипини, Манила, можеше да гледа несекојдневна борба дури со шест натпреварувачи. Ова беше борба во рамките на УРЦЦ 77, а борците во кафезот беа поделени во два тима и се тепаа тројца против тројца.

Се разбира, на моменти борбата беше хаотична, не се знаеше кој кого удира. Борците си се напаѓаа како на улична тепачка без правила со цел да им помогнат на своите другари. Всушност, оваа борба беше дуел на две репрезентации, Филипинците беа со црвени ракавици, а со сини ракавици беа Кинезите.

Мислењето на љубителите на боречките спортови околу ваквиот тип борби е поделено, некои мислат дека е интересно и атрактивно, но има и жестоки противници. Борбата беше прекината кога еден борец доби недозволен удар во задната страна од главата.

https://www.youtube.com/watch?v=JdmQaHMHruE

- Оглас -

Најнови вести