Најлудите последни две минути во НФЛ имаа невидена завршница (Видео)

Балтимор го победи Кливленд со 47:42 во најинтересниот меч сезонава во НФЛ шампионатот во САД. Ова беше дуел на две екипи кои имаа по осум победи и четири порази, па и очекувано беше неизвесен меч, но тоа што се случи во последните две минути е „лудо“.

Кливленд водеше со 35:34, Балтимор беше во напад, а Ламар Џексон искористи една одбрана на противникот и со освоени 44 јарди, постигна тачдаун за водство од 42:35. Кливленд не се предаде и за кратко време успеа да направи неколку добри напади и Карим Хант возврати за 42:42.

Остана уште една минута за Балтимор, а тоа беше доволно за да се стигне до позиција за филд-гол. Џастин Такер успеа да погоди дури од 55 јарди за водство од 45:42. До крајот на мечот останаа уште две секунди, односно Кливленд доби само уште еден напад за чудо.

Во НФЛ гласи правилото дека се игра додека топката е „жива“, па чудна беше акцијата на Кливленд. Играчите на Кливленд неколку пати ја додаваа топката назад (во НФЛ е дозовлено неогранчно додавање назад) и на крајот стигнаа до својата енд зона, па откако им беше одземена топката, Балтимор доби дополнителни два поени за конечен триумф од 47:42.

 

 

- Оглас -

Најнови вести