Најмалку тројца мртви пред фудбалски меч во Хондурас  

Три лица починаа, а уште три се во критична состојба, после нередите кои избија на фудбалскиот натпревар во Хондурас.

Насилството се случило пред почетокот на мечот помеѓу ривалите Мотагва и Олимпија. Сè почнало кога биле фрлани камења кон автобусот со играчите на Мотагвa и беа повредени тројца. Средбата беше одложена, но на стадионот на кој имало 10.000 луѓе, и околу него, избија големи нереди. Полицијата фрлила солзавци, па многумина се најдоа среде стампедо.

„Три лица се мртви, а има седум со прострелни рани или се избодени со нож. Меѓу нив има и дете. Тројца од повредените се во критична состојба“ – изјави портпаролката на болницата во која се повредените.

- Оглас -

Најнови вести