Најмлад играч со 10 тројки на еден меч, а пред очите на Дончиќ, бел играч му донесе победа на Лејкерс над Далас (Видео)

Освен неверојатната завршница во Оклахома сити, во НБА се одиграа и други интересни мечеви.

Во Минеаполис, Ентони Едвардс погоди дури 10 тројки на мечот против Денвер нагетс и стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој на еден натпревар погодил двоцифрен број тројки.

Едвардс заврши со 38 поени и му донесе победа на својот тим против Нагетс, кај кои Никола Јокиќ направи трипл-дабл. Десетте тројки се и клупски рекорд на Тимбервулфс.

Во Далас се играше продолжение, Маверикс и без ѕвездата Лука Дончиќ добро се држешеа против ЛА лејкерс, но на крајот Езерџиите имаа неочекуван јунак и победија со 107-104. Реализатор на победничката тројка на 0,9 секунда до крајот беше Остин Ривс, кој погоди од позиција веднаш до клупата на Маверикс, на која беше Дончиќ.

Лејкерс се спасуваа од пораз и во регуларниот дел, тогаш Вејн Елингтон изедначи со тројка.

Ова е тројката на Ривс постигната пред очите на Дончиќ:

https://twitter.com/i/status/1471320490723745797

 

- Оглас -

Најнови вести