Најмногу поени се чекаат од Дончиќ и Јанг, најмалку од Марк Гасол (Фото)

Лука Дончиќ од Далас маверикс и Тре Јанг од Атланта хокс во минатата сезона почнаа да играат во НБА лигата, но веќе се главни поентери во своите тимови, и затоа можеби и не треба да чуди што според квотите во обложувалницата Sport Life, тие двајца доминираат според висината на хендикеп поените кои се бараат од нив.

Границата која е поставена кај Дончиќ и Јанг е дури 29,5 поени, па ваше е да типувате дали доцна вечерва тие ќе одат над или под 30 поени.

Интересно е што најмалку поени се бараат од Марк Гасол. Искусниот шпански центар игра за Торонто репторс, и кај него границата е само 8,5 поени. Ако даде 9 поени, што не е нереално, ќе имате добивка. Но, може да добиете и ако типувате дека Гасол нема да даде ни 9 поени, а тој навистина има слаба вечер.

Интересен е и Ал Хорфорд, кој после повредата на Џоел Ембид, е прв центар на Филаделфија. Кај Хорфорд се бараат 13,5 поени. Тој вечерва игра против Чикаго кој нема класични центри, па Доминиканецот може лесно да даде барем 14 поени.

 

Освен за НБА лигата, може да се обложите и кој играч колку поени ќе даде во Евролигата. Мајк Џејмс и Шејн Ларкин се играчите од кои се бараат најмногу поени, но тие се и најдобрите американски бекови во Европа во моментов.

- Оглас -

Најнови вести