Најнеспортскиот потег на годината се случи на женски фудбалски меч во Мексико (Видео)

Ферплејот е нешто за што силно се залагаат фудбалските асоцијации низ светот предводени од светската ФИФА, но не секаде се применува коректниот и спортски однос, а особено изненадува кога со нефер потег се користат жени.

На мечот од мексиканската лига помеѓу Сан Луис и Толука, голманката на домашните, Стефани Хименес, при обид да ја смири топката, ја свитка ногата и падна на земја, а противничкиот тим го искористи тоа што голот остана празен и постигна погодок.

Судијата не го прекина мечот при повредата на Хименес и дозволи Толука да постигне гол, па и тој учествуваше во антиферплеј потегот. Мечот заврши 2-2.

Погледнете ја целата спорна ситуација:

- Оглас -

Најнови вести