Најневеројатниот кош на сезоната го постигна играч на Лејкерс (видео)

Да имаше награда за најневеројатен кош на сезоната, дефинитивно ќе му припаднеше на Кајл Кузма. Кошаркарот на Лејкерс при влез кон рекетот се обиде да додаде, меѓутоа топката му се испушти од раце при движење, го смени правецот и заврши во кошот. Иако не беше обид за шут, поените важеа при фаул во корист на Кузма и си доби дополнително слободно фрлање.

Кузма заврши со скромни 9 поени во дуелот против Феникс санс, кој Езерџиите го добија со убедливи 125:100. Најефикасен на средбата беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока, го следеше Рондо со 23 поени.

Останати резултати:

Детроит 76:87 Шарлот, Индијана 105:106 Бруклин, Орландо 135:126 Атланта, Торонто 137:126 Минесота, Милвоки 123:111 Сакраменто, Далас 119:123 Јута, Денвер 127:120 Сан Антонио, Голден Стејт 101:113 Мајами.

- Оглас -

Најнови вести