Најомразениот фудбалски лик во Германија прв најде вакцина против Коронавирусот?

Првиот човек на фудбалскиот клуб Хофенхајм, милијардерот Дитмар Хоп, со научниците во компанијата која ја поседува би можеле да станат светски херои во борбата против Коронавирусот. Според германски „Шпигел“, компанијата на Хоп е во финална фаза на пронаоѓање лек, поточно вакцина против вирусот со кој месецов се бори целиот свет. Ако биде сè како што треба, лекот ќе биде достапен во целиот свет.

Хоп во спортската јавност е познат како сопственик на Хофенхајм и човек кој постојано е навредуван од навивачите во Германија бидејќи сметаат дека Хофенхајм е вештачки проект кој се коси со начелата на сите останатите клубови.

Ако Хоп успее да го спаси светот од Коронавирусот, навивачите на германските клубови би можеле да го сменат мислењето за него. И американски компании развиваат вакцина против овој вирус, па останува да се види кој ќе ја добие трката. Се пишува дури и дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е заинтересиран да има контрола над вакцината со тоа што Американци би ја купиле компанијата на Хоп.

- Оглас -

Најнови вести