Најомразениот гостин не дозволи Меси и Аргентина да се радуваат во Буенос Аирес

По стартните две победи во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, Аргентина во третото коло на свој терен киксираше и одигра само 1:1 против Парагвај. Иако за некого ова реми ќе делува како кикс на Аргентина, Парагвај веќе подолго време прави „проблеми“ кога гостува кај овој сосед.

На шест од последните осум гостувања во Аргентина, Парагвајците си заминуваат непоразени. Овојпат имаа предност од 1:0, но не успеаја да го задржат целиот плен.

Анхел Ромеро ги доведе гостите во водство со гол од пенал во 22-рата минута, за кого ова е трет гол во квалификациите. Гаучосите успеаја да израмнат уште во првото полувреме, кога погоди Николас Гонзалес во 41-вата минута. Во второто полувреме, Лионел Меси погоди во 57-мата минута, но неговиот гол беше поништен по сигнализација од ВАР-собата.

Вечерва и утре се играат останатите мечеви од третото коло во јужноамериканските квалификации за СП, а ќе играат: Колумбија – Уругвај, Чиле – Перу и Бразил – Венецуела.

https://youtu.be/PiC6e-lGKHI

 

- Оглас -

Најнови вести