Кепа Аризабалага е најскапиот голман во историјата на фудбалот. Челзи за него плати дури 80 милиони евра оштетс, но шпанскиот голман едноставно не се снајде на „Стемфорд бриџ“ и не само што не е прва опција за чување на мрежата, туку е многу веројатно дека ќе треба да си замине од клубот.
Во првото коло од новата сезона на голот на Челзи беше Роберт Санчес, а резерва беше Филип Јоргенсен, кој дојде во премиерлигашот за трансфер вреден 24 милиони евра од тимот на Вилјареал.
Кепа ниту минатата сезона не беше опција во Челзи, па беше даден на позајмица во Реал Мадрид, кадешто исто така немаше многу шанса да се докаже. Во Челзи има дури осум голмани, а Кепа сè поверојатно е дека ќе се најде во „слепа уличка“, односно да нема каде да се продаде во клуб кој е елитен затоа што сите сериозни клубови веќе го имаат решено прашањето за тоа кој ќе им биде прв голман.
Кепа има само 29 години, двапати се радувал на титулата во Лигата на шампионите, го има најскапиот трансфер во историјата, но сепак е пред колапс во кариерата.