Најскапата резерва на светот ќе се врати во Премиер лигата?

Барселона за да го донесе Бразилецот Кутињо од Ливерпул, плати 160 милиони евра, и тоа во јануарски преоден рок, а сега овој фудбалер е само „грејач на клупата“, па има реални шанси да си замине од Каталонија.

Кутињо не се вклопи во тактичките замисли на тренерот Валверде, па испаѓа дека клубот џабе потроши толку многу пари за да го донесе некогашниот  најдобар играч во Премиер лигата. Кутињо постојано е на клупата за резерви, стартер на неговата позиција е непредвидливиот Дембеле, последниот гол го даде во октомври.

Моментната ситуација на Кутињо во Барса сака да ја искористи Манчестер јунајтед, кој веќе имал контакти со агентот на Бразилецот и му нуди враќање во лигата во која се прослави. „Црвените ѓаволи“ во Кутињо би добиле големо засилување, па можеби ќе го искористат проблемот кој го има овој фудбалер.

Вечерва Барса игра меч од купот против Леванте и Кутињо би требало да биде во составот, но тоа е третокласно натпреварување. Доколку и понатаму не игра во првенството и Лигата на шампионите, Кутињо би можел да побара да замине во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести