Најскапиот фудбалер на Реал Мадрид не стапна на теренот во последните 10 Ел Класика

Кога Реал Мадрид во 2019 година го доведе Еден Азар од Челзи, и тоа за рекордни 115 милиони евра, Кралевите веруваа дека тоа е фудбалерот кој треба да биде замената за Кристијано Роналдо и нов лидер на теренот. Азар беше поскап и од Роналдо и од Бејл, двајцата фудбалери кои донесоа грст трофеи во витрините на „Сантијаго Бернабеу“, но ако се види ефектот на белгискиот репрезентативец, неговиот ефект е очаен.

Поради честите повреди и неподготвеноста и слабата форма, Азар досега одигра само 73 меча за Реал Мадрид во речиси четири сезони. Фудбалерот од кого се очекуваше да биде главен адут на Реал, посебно во најважните мечеви како Ел Класико пресметките против Барселона, едноставно го нема никаде.

Откако Азар е во Реал, Кралевите синоќа го одиграа десетото Ел Класико, а неверојатен е податокот дека Белгиецот нема одиграно ниту една минута. Четирипати не играше против Барселона поради повреди, а шестпати преседе на клупата за резерви.

Азар има два меча против Барселона, но како играч на Челзи, и тоа во 2018 година во осминафиналето од Лигата на шампионите, но како фудбалер на Реал Мадрид, играчот кој беше платен 115 милиони евра нема одиграно ниту една минута во 10 Ел Класика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести