Најскапиот голман ќе брани за тимот на Елмас, Челзи ќе му ја покрива речиси целата плата

Наполи во најскоро време ќе ја комплетира позајмицата на Кепа Аризабалага од Челзи. Шпанскиот голман привремено ќе му биде соиграч на Елиф Елмас, а дури 75% од неделната плата која изнесува 190.000 фунти, ќе ја покриваат Сините.

Кепа во летото 2019 година стана најскап голман во светот по неговиот трансфер од Билбао за сума од 80 милиони евра. Минатите две сезони има улога на втор голман по доаѓањето на Едуар Менди, па затоа логична е неговата одлука да го напушти Лондон. За да добива поголема минутажа, Аризабалага се одлучи за преселба на „Диего Марадона“ стадионот.

Челзи во меѓувреме работи на ангажманот на Габриел Слонина од Чикаго фајр, 18-годишниот американски чувар на мрежата, чијшто трансфер ќе изнесува 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести