Најскапиот голман во историјата пристигнува во Реал

Кепа Аризабалага ќе биде новиот голман на Реал Мадрид за оваа сезона. Голманот кој е под договор со Челзи, на „Сантијаго Бербанеу“ ќе дојде како позајмен играч, и тоа на една сезона, без обврска за откупување на договорот по завршување на сезоната.

Шпанецот треба да биде замена за повредениот Тибо Куртоа, кој ќе паузира во следните девет месеци откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

Кепа дојде во Челзи во 2018 година, и тоа за рекорден трансфер за еден чувар на мрежата од 80 милиони евра. Тие пари завршија во касата на Атлетик Билбао, клубот од каде што потекнува Кепа.

Шпанскиот голман вчера воопшто не беше во составот на Челзи за дерби-дуелот против Ливерпул, што е само дополнителен знак дека трансферот е веќе договорен.

- Оглас -

Најнови вести