Стотици медали досега беа поделени на Летните олимписки игри во Токио, а до крајот на најголемиот спортски собир останува уште една недела. Сите спортисти мечтаат за освојување на златен медал, но малкумина може да се пофалат со такво нешто.
Секоја до преку 200 земји кои се дел од ЛОИ имаат парична награда за спортистите ако освојат злато, а Форбс ги открива кои се во Топ 10 според паричната премија.
Најголема премија за златен медал дава Сингапур, но оваа земја досега не освои никаков медал, а не па да брка злато. На второ место е Кинески Тајпеј или попознат како Тајван. Ка-Лонг Чеунг дојде со 19-ти резултат на ЛОИ, но го надмина сите очекувања и на крајот стигна до златниот медал, откако во финалето ја победи олимписката шампионка Даниела Гароча.
Со освојување на златото, Ка-Лонг Чеунг си обезбеди 20 милиони тајвански долари, односно 716.000 американски долари. Во Топ 10 на земји со најголеми премии се:
Сингапур 738.000 долари
Тајван 716.000 долари
Индонезија 346.000 долари
Казахстан 250.000 долари
Малезија 237.000 долари
Италија 214.000 долари
Унгарија 166.000 долари
Косово 119.000 долари