Најслабиот тим во Премиер лигата ја прекина неверојатната серија на Астон вила на „Вила парк“ (Видео) 

Фудбалерите на Астон вила ја прекинаа неверојатната серија од 15 победи по ред на својот „Вила парк“ во Премиер лигата откако вечерва одиграа 1:1 против најслабиот тим во лигата, Шефилд јунајтед.

Победничката серија на Астон вила пред своите гледачи започна во март годинава кога беше совладан Кристал палас (1:0) и потоа нанижа уште 14 победи, но вечерва фановите на „Вила парк“ не беа сведоци на нова победа.

Камерон Арчер со голот во 87-та минута му донесе водство на Шефилд јунајтед, но Астон вила се спаси во 98-та минута со голот на Николо Заниоло.

- Оглас -

Најнови вести