Најсовршениот дриблинг во ЛШ се случи точно пред 16 години (Видео)

Еден од оние играчи кои покажале дека имале голем потенцијал, но на крајот не направија врвна кариера секако е Адријано. Бразилецот кој имаше неверојатен талент за фудбал, сакаше да ужива и во алкохолот и ноќните излегувања, па затоа не се најде меѓу оние врвни фудбалери.

Сепак, Адријано ќе се памти по потег кој сигурно е еден од најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Во дресот на Интер на гостувањето кај Валенсија, Адријано одигра одлично, а Нераѕурите победија со 5:1. Иако имаше шест гола на тој меч, главниот потег беше дриблингот што го направи Адријано.

Бразилецот беше во напад, кога го помина голманот Сантијаго Кањизарес, а потоа го посрамоти Давид Наваро со дриблингот кој ќе се памти. За жал, акцијата не беше крунисана со погодок, но дриблингот, кој се случи точно пред 16 години на „Месталја“, уште ќе се памти.

 

- Оглас -

Најнови вести