Најстариот професионален фудбалер нема абер да оди во пензија и на 55 години ќе потпише за португалски второлигаш

Јапонецот Казујоши Миура кој е најстар професионален фудбалер на светот, нема намера да оди во пензија иако има 55 години, туку ќе се врати на европскиот континент, овој пат во Португалија.

Легендарниот Јапонец кој моментно настапува за Јокохама, кариерата ќе ја продолжи во португалскиот второлигаш Оливеиренсе.
Оливеиренсе се наоѓа на 14-та позиција на табелата, а до трансферот на Миура доаѓа бидејќи сопственикот на португалскиот тим е и сопственик на Јокохама за кого сега настапува најстариот професионален фудбалер.

Миура неодамна изјави дека нема намера да оди во пензија во блиска иднина, дека се чувствува одлучно и дека сака да игра до 60 години.

Миура има иксуство од настапување во Европа, има играно и за хрватскиот Динамо Загреб, а потоа играше и во Бразил и во Австралија. За репрезентацијата на Јапонија одигра 89 натпревари и постигна 55 гола.

- Оглас -

Најнови вести