Најстарото дерби во светот се игра на денот на кој се одбележува точно 50 години од страшната трагедија

Глазгов Ренџерс попладнево од 13:30 часот го пречекува Селтик во дуелот на двата најтрофејни клуба во Шкотска. Овие два клуба во своите витрини заедно имаат преку 100 знајачни пехари, а нивното ривалство е најстаро во светот. Од далечната 1888 година до сега, градските ривали одиграле дури 421 натпревар и секој од е посебна приказна.

Најмрачното Олд-фирм дерби кое е одиграно е токму на 2 јануари 1971 година, кога загинаа дури 66 навивачи на стадионот „Иброкс“. Селтик таа сезона атакуваше на титулата, а Ренџерс беше многу послаб, но на стадионот имаше 80.000 гледачи.

До 90 минутиа немаше возбудувања и беше 0:0, кога поголем дел од навивачите решија и да си заминат и тргнаа кон излезите. Во тој момент Џими Џонстон погоди за Селтик и водство од 1:0. Веќе во следниот напад, Ренџерс доби слободен удар, а Колин Стејн постигна гол за големо славје за домашните навивачи.

Сепак, додека едни навивачи славеа, другите се бореа за живот. На скалите кои водат кон излезот на стадионот се случи метеж и стотина луѓе започнаа да се гушат во турканицата. Иако со години кружеше теорија дека метежот се случил затоа што дел од тие кои си заминувале, сакале повторно да се вратат на стадионот и да слават за израмнувачкиот гол, тоа не било така.

Едноставно навивачите кои си заминувале од стадионот почнале да се буткаат и да паѓаат едни врз други. Тие кои биле најдоле, едноставно немале шанси да се спасат. На крајот, дури 66 навивачи умреа во страшната трагедија, а преку 200 биле повредени.

Сите настрадани биле на возраст од осум до 49 години. Најмладата жртва бил Најџел Пикап од Ливерпул, а пет деца кои загинале биле на возраст од 13 до 15 години. На стадионот бил и легендарниот Сер Алекс Фергусон кој тогаш бил играч на Фалкрик.

„Се сеќавам дека излегов од стадионо по израмнувачкиот гол. Додека возев кон дома, поминав покрај болницата, каде што имаше голем број на возила од Брза помош. Дури кога дојдов дома, родителите ми соопштија дека се случило трагедија“, се сеќава Фергусон.

Денеска се навршуваат точно 50 години од траа трагедија на Олд-фирм дербито, а ситуацијата е сосема поинаква. Поради пандемијата со Коронавирусот, денеска воопшто нема ни да има навивачи на трибините, а Ренџерс сега е во ситуација да е лидер со 59 бода од 21 меч, додека Селтик е втор со 43 бодови, но има и три средби помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести