Ова е најтажната прослава за освоен трофеј (Видео)

Кога се доделува пехар, сите играчи се собрани заедно, се радуваат и во еуфорија прославуваат, но тоа што се случи во Бразил е нешто поинакво.

Екипата на Ботафого со 5:2 го победи Аудакс РЈ, потврдувајќи ја доминацијата откако и во првиот дуел славеше со 2:1. По завршување на мечот, фудбалерите на Ботафого беа прогласени за освојувачи на Така Рио трофејот, што е трофеј кој се доделува на најдобриот тим во борбата за пласман од петто до осмо место во државното првенство на Рио де Жанеиро.

На сите фудбалери им беа поделени медали, а на крајот добија и трофеј, но играчите воопшто не беа водушевени. Едноставно, не им беше до славење за тоа што на крајот стигнале до петтото место во првенството.

Иако фудбалерите беа со „кисели лица“, мораа да го испочитуваат протоколот и на крајот да се фотографираат со трофејот, но никој не се радуваше.

Освојувач на главниот трофеј наменет за најдобриот на ова првенство е тимот на Флуминенсе, каде што игра и легендарниот Марсело. Токму Марсело беше стрелец на еден од погодоците во победата од 4:1 против Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести