Најтрофејниот француски клуб испадна во втора лига!

Оксер се враќа во француската Лига 1, а испадна Сент Етјен, кој заедно со ПСЖ се најтрофејни клубови според бројот на титули, со по десет.

Двата меча од баражот завршија со 1-1, па се изведуваа пенали. За Светците утна Будебу во првата серија, а Оксер ги погоди сите пет пенали, па славеше со 5-4.

Разочарани и налутени, фановите на Сент Етјен направија хаос на стадионот, палејќи факели.

- Оглас -

Најнови вести