Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид доби отказ по само пет месеци

Бразилецот Марсело повеќе не е играч на Олимпијакос, откако двете страни постигнаа согласност за раскин на договорот. Марсело во тимот од Пиреја дојде на почетокот од сезоната, а беше претставен како „вистинска фудбалска легенда“. Тоа и не е далеку од вистината ако се знае дека Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со вкупно 25 освоени пехари во 16 сезони поминати на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, во Грција веројатно не успеа да се снајде, па Бразилецот кој во мај ќе наполни 35 години, сега ќе мора да бара нов клуб. За Олимпијакос одигра 10 меча и постигна три погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести