Најтрофејниот тениски тандем на сите времиња, замина во пензија

Американците Боб и Мајк Брајан кои имаат по 42 години, и заедно освоија 119 титули, решија да се повлечат од активното играње тенис.  Легендарниот дубл играше 25 години и според бројот на освоени турнири, се рекордери во историјата на белиот спорт.

Освоија 16 гренд-слема во 30 финалиња, а на мастерсите билансот им е 39 титули од 59 финалиња. Заедно беа 438 недели на првото место на АТП листата во машки двојки, дури 10 календарски години завршуваа како лидери.

Пред две години Боб имаше операција на колкот и од тогаш почна полека кариерата да се приближува кон крај. Последен пат играа во февруари годинава, и тогаш направија рекорд од 20 години по ред во кои освојуваа барем еден пехар. Неверојатната кариера ја завршија со 1.108 победи и 359 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести