Најубавата спортска новинарка во Италија „настрада“ во Бергамо (Видео)

Аталанта со 2:0 го победи Наполи во мечот кој вчера беше дерби во Серија А. Со овој триумф, тимот од Бергамо речиси сигурно си обезбеди место во Лигата на шампионите и за следната сезона. Во корист на Аталанта беше и поразот на Рома во Рим од Удинезе, меч на кој гол даде и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Домаќините на дуелот во Бергамо дадоа два гола на почетокот на второто полувреме, а освен погодоците, мечот го одбележа и големото невреме. Силен дожд буквално го поплави стадионот, а меѓу оние кои „настрадаа“ беше и убавата спортска новинарка Дилета Леота.

Дилета преку видео се пожали за тоа како дождот немаше милост кон неа и за кратко време целата беше водена од глава до петици.

 

- Оглас -

Најнови вести