Најубавиот гол на Марадона не е толку познат, а сега го има и на снимка во боја (Видео)

На 19-ти февруари се навршија 43 години од денот кога Диего Марадона во дресот на Аргентинос јуниорс даде еден гол, за кој самиот Марадона изјави дека е најубав во неговата кариера.

Тој гол не е познат како оној од четвртфиналето на СП 1986 против Англија кој е прогласен за најубав на сите времиња, секако значењето на тој против Англичаните е далеки поголемо, но и овој од 1980 година е вистинска мајсторија.

Од тој гол на Марадона во 1980 година, пред 10 години првпат се појави снимка, но таа беше матна, со многу лош квалитет и во црно-бело. Сега снимката е средена во боја, а се подобри и квалитетот.

Погледнете го слаломот на тогаш 19-годишниот Марадона во дресот на Аргентинос, за победа од 4-3 на пријателски меч против колумбискиот тим Депортиво Переира:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести