Најубавиот гол сезонава во Бундеслигата ги осиромаши Милионерите за два бода (Видео)

Борусија Дортмунд киксираше на домашен терен против Мајнц, играјќи само 1-1, а ремизираше и Лајпциг на гостувањето кај Волфсбург со 2-2 во наинтересните мечеви во Бундеслигата, па Баерн Минхен остана лидер со меч помалку.

Голот кој го постигна Мајнц, беше вистинско ремек-дело, и веројатно е најубавиот сезонава во германската лига. Потоа Борусија израмни, а при 1-1, Марко Ројс утна пенал, па Милионерите мораа да се задоволат само со бод.

Погледнете го голот на Левин Озтунали против Дортмунд:

https://www.youtube.com/watch?v=5BJuxvY9t54

- Оглас -

Најнови вести