Најубаво е кога омилениот тим ќе те направи Типстер на месецот во Sport Life

Мирослав Глишиќ од Брвеница е најдобар пример дека не треба долго време да се биде учесник на Типстер купот за да се освои месечната премија од 100.000 денари. Како редовен обложувач во Sport Life, Мирослав на почетокот од годинава се приклучи во обложувачкиот куп и за брзо време се покажа како најдобар Типстер за април, а најголемата добивка во животот му ја донесе неговиот омилен клуб Јувентус.

Мирослав секој ден уплаќал тикети од по 50 натпревари на уплатните места пред сè во Брвеница и Тетово, собра вкупно 125.879 поени со кои изби на првото место во последните денови од месецот и сосема заслужено си ги доби 100-те илјадарки.

Второ место и добивка од 50.000 денари доби К. Тоде со собрани 123.330 поени, додека на третото место е С. Саша со 121.55 поени кои му донесоа награда од 20.00 денари.

ПРЕСВРТОТ НА ЈУВЕ МУ ДОНЕСЕ МАКСИМАЛНИ 5.000 ПОЕНИ

Тикетот со кој Мирослав стана Типстер на месецот го чекаше неколку дена, а последниот тип му беше победа на Јувентус на гостувањето кај Удинезе. Бјанконерите со пресврт од 2-1 триумфираа над тимот чиј член е Илија Несторовски, по што му донесе максимални 5.000 поени и скок на табелата од третото до првото место во последните денови од месец април.

Неговата омилена игра е 1-1 & 2-5 гола, а добитната тактика му е да типува натпревари од најсилните лиги во Европа.

„Благодарение на Јувентус ги освоив максималните 5.000 поени со кои станав лидер на табелата во самиот финиш на месецот. Тоа ми обезбеди скок за две места до врвот и воедно ми ја донесе најголемата добивка досега. Во Типстер купот се приклучив пред повеќе од три месеци и среќата брзо ми се насмевна“, вели Мирослав.

Еден месец порано Мирослав ја чекал најголемата потенцијална добивка од 50.000 денари. На тикет составен од 15 парови чекал двознак реми или гостинска победа на Монца против Реџина, но извиси со последниот тип откако Реџина минимално ја доби средбата со 1-0.

„Пред оваа добивка, најголема која можев да ја добијам беше во март. За 50.000 денари ја чекав Монца, која само не смееше да загуби на гости кај Реџина. За жал, мечот заврши со 1-0 во корист на домаќините, а јас останав без добивката“, додаде најдобриот Типстер за април.

Во тек е мајската етапа од Типстер купот, не е доцна да се вклучите во играта која е интересна со многу стратегија и одлична голема конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести