Најзаслужниот за победата над Македонија, контра Роналдо и Погба (Видео)

Андриј Јармоленко беше најдобриот играч на дуелот Украина – Македонија. Капитенот на Украина даде гол, а потоа имаше и асистенција за триумф на неговата селекција од 2:1. Токму затоа, Јармоленко се најде и на прес конференцијата по мечот, а капитенот на Украина реши да си „поигра“ со шишенцата на спонзорите „Кока-Кола“ и „Хајнекен“.

Кристијано Роналдо и Пол Погба решија да ги тргнат шишињата на спонзорите и побараа луѓето да пијат вода, додека Јармоленко имаше контраплан.

„Сакам да ги поместам шишињата на Кока-Кола и Хајнекен  и да ги ставам тука. Кока-Кола и Хајнекен ве молам контактирајте ме“, речеЈармоленко на шега, порачувајќи дека бара нови спонзори.

https://twitter.com/i/status/1405573349640650753

Кока-Кола и Хајнекен се меѓу 12-те најголеми спонзори на УЕФА за Европското првенство, а се очекува УЕФА да има заработка од околу две милијарди евра. Инаку и фудбалерите индиректно добиваат пари од спонзорите, затоа што УЕФА дава пари на федерациите, а тие ги распоредуваат како премии на играчите.

Земјите кои учествуваат на ЕП, вкупно ќе поделат 371 милиони евра како награди, а шампионот ќе заработи најмногу, максимални 34 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести