Намалена казната за Начо, капитенот на Реал ќе може да игра на Ел Класико!

Реал Мадрид и тренерот Карло Анчелоти добија добри вести, суспензијата на капитенот Начо е намалена, па тој наместо три, ќе пропушти два меча и ќе може да игра на Ел Класико против Барселона на 28 октомври.

Начо доби црвен картон за жестокиот старт на дуелот со Жирона над противничкиот играч Порту и доби суспензија од три меча. Ако останеше таквата казна, Начо немаше да може да се најде во составот за дербито против Барса, но вака тој ќе биде во комбинација.

Олеснителна околност која пресуди во случајов беше што иако стартот на Начо над Порту беше ѕверски и непотребен, во финишот на мечот на кој Реал водеше 3-0, фудбалерот на Жирона немаше тешка повреда и на теренот се врати само шест дена подоцна.

Начо веќе го пропушти дуелот со Осасуна, а ќе нема право на настап ниту в сабота, на гостувањето кај Севилја.

Начо е еден само од тројцата централни дефанзивци кои ги игра Кралскиот клуб, а периодов повреден беше Давид Алаба, кој треба да се врати викендов, Антонио Ридигер има четири жолти картони и ако пожолти против Севилја, нема да игра против Барса и затоа присуството на Начо против Барселона е од големо значење.

- Оглас -

Најнови вести