Наместо да му честита, тенисер му удри шамар на противникот, па на теренот настана хаос (Видео)

Тенисот важи за џентлменски спорт, но не сите тенисери се однесуваат ферплеј.

На еден јуниорски ИТФ турнир во Акра, Гана, поразениот играч, кој беше фаворит и прв носител, не знаеше да го поднесе поразот, па по мечот откако му ја подаде десната рака, со левата му удри шлаканица на противникот, шокирајќи ги присутните.

По овој крајно неспортски гест на Французинот, кој е 589-ти на АТП-листата, настана бркотница по теренот, во хаосот се вклучи и публиката. Останува да се види каква казна ќе добие Микел Куаме.

- Оглас -

Најнови вести