Наместо Македонија, Ерменија ќе игра во Лига Б со Норвешка, Чешка, Турција, Шведска, …

Репрезентацијата на Ерменија со одличен финиш и две неочекувани победи на гости кај Грузија и како „домаќин“ на Кипар против Македонија се пласираше во Лига Б од Лигата на нациите, што им носи дуели во иднина со селекции од европскиот висок просек. Во Лига Б има силни национални тимови, Македонија посакуваше да се најде во нивно друштво, но Ерменците се тие кои ќе уживаат, а Црвено-жолтите својот врв ќе го имаат со настап на Европското првенство во втората половина на јуни.

Во Лига Б ќе играат Шведска, БиХ, Исланд и најверојатно Швајцарија, кои сега беа дел од Лига А, а потенцијални ривали кои ги испуштивме се и една Норвешка, Романија, Чешка, Унгарија, Турција, Финска, Ирска, можеби и Русија.

- Оглас -

Најнови вести