Наместо на клупата на Саудиска Арабија заврши во Ал-Хилал

Португалецот Жорге Жесус и официјално е назначен за нов тренер на саудискиот Ал-Хилал.

Ал-Хилал не е непознаница за Жесус бидејќи веќе седеше на клупата на овој тим, и тоа во сезоната 2018.19. Интересно е што медиумите во Саудиска Арабија до вчера го гледаа Португалецот како нов селектор на репрезентацијата, но тој заврши на клупата на Ал-Хилал.

Жесус во саудискиот тим доаѓа како слободен агент, бидејќи си замина од Фенербахче по завршувањето на сезоната.

Минатата сезона, Ал-Хилал ја заврши на третото место зад шампионот Ал-Итихад и Ал-Наср, а покрај Жесус, тимот летово се засили со Калиду Кулибали кој дојде од Челси и Рубен Невеш кој пристигна од Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести