Наместо шампионско славје, лекција по фудбал за Баерн Минхен (Видео)

Баерн Минхен требаше да победи и тоа да биде шампионски триумф за нов трофеј во германската Бундеслига. Сепак, наместо победа на убедливиот лидер, Мајнц на свој терен му одржа лекција на фаворитот и победи со 2:1. Со овие три бода Мајнц направи чекор напред кон обезбедување на опстанок во елитното германско друштво и сега има пет бода повеќе од Келн кој е во зоната за испаѓање.

Мајнц поведе по неполни три минути кога голманот на Баерн и германската репрезентација, Мануел Нојер, несмасно реагираше, па топката заврши во неговата мрежа. Во 37 минута веќе беше 2:0 за Мајнц, а овојпат домаќините погодија со глава, а Нојер повторно немоќно ја проследи топката во својата мрежа.

По подолга пауза во Баерн се врати и првиот стрелец Роберт Левандовски, кој успеа да даде гол, но само почесен и тоа во 90+5 минута.

Резултати: Фрајбург – Хофенхајм 1:1, Мајнц – Баерн Минхен 2:1, Унион Берлин – Вердер Бремен 3:1, Волфсбург – Борусија Дортмунд 0:2.

 

https://streamable.com/ssa75b

https://streamable.com/a1lnbp

 

- Оглас -

Најнови вести