Тажното Лале – Ја загуби мундијалската титула во последен миг, сега напади на паника му ја завршуваат кариерата

Грегори ван дер Вил има многу специфичен проблем и напади на паника, поради кои сè уште не дебитирал за новиот клуб РКЦ Валвијк во холандското првенство.

Поранешниот фудбалер на Ајакс и на ПСЖ имаше многу проблеми со изборот на клубовите во последните неколку години, а страда и од депресија и има напади на паника.

Поранешниот светски вицешампион со Лалињата од Мундијалот во 2010 година сè уште чека дозвола за настап за РКЦ во популарната Ередивизија.

Има 32 години и трофејна колекција од 18 пехари со три тима, Ајакс, ПСЖ и Торонто, но и многу проблеми што можат да му ја завршат предвреме успешната фудбалска кариера.

Грегори одигра и 46 меча за репрезентацијата на Холандија, со која играше и на Светското првенство во 2020 година, кога популарните Лалиња загубија во финалето од Шпанија со голот на Андрес Иниеста во 116-тата минута од продолженијата.

 

- Оглас -

Најнови вести