Нападот е најдоброто оружје на Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах

Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах сезонава играат супер атрактивен фудбал и на дербито од 15-тото коло во Бундеслигата очекувам повторно да се игра напаѓачки, со голови во двете мрежи, вели нашиот редовен прогнозер, Панче Ќумбев.

По традиција, негов избор се пет натпревари викендов од различни првенства.

 

Хофенхајм -Борусија Менхенгладбах (сабота, 15.30 часот)  

Очекувам отворен натпревар и голови на двете страни. Двете екипи играат напаѓачки и допадлив фудбал и не гледам причина зошто не би гледале многу голови овде. И традицијата во меѓусебните дуели на двете екипи само потврдува дека повторно нè очекува ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.53)

 

Кристал палас – Лестер (сабота, 16 часот)

Ако гледаме по имиња, Кристал палас заслужува многу повиско место на табелата, меѓутоа никако да ја стабилизираат формата и никако да се тргнат од долниот дел на табелата во Премиер лигата. Лестер годинава игра многу добро, меѓутоа мислам дека овде победува домаќинот.

Предлог тип:1 (2.70)

 

Легија – Пјаст Гливице (сабота, 20.30 часот)  

Фаворит овде е Легија. Во последните десет години мојот поранешен тим нема пораз од Пјаст на свој терен. Верувам дека таа традиција ќе продолжи, најмалку со два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (1.86)

 

Севилја – Жирона (недела, 12 часот)  

Овде исто така очекувам победа на домаќинот најмалку со два гола во мрежата на гостите. Севилја доколку сака да држи чекор со водечките, мора да победува на свој терен. Досега играат одлично и во Ла Лига и во Лигата на Европа и нема причина да не ги освојат бодовите и во ова коло од шпанското првенство.

Предлог тип: 1&Т1 (1.72)

 

Фиорентина – Емполи (недела, 15 часот)  

Фиорентина осум натпревари не знае за победа. Мислам дека овој натпревар ќе биде пресвртница и конечно тимот од Фиренца ќе ги освои бодовите во меч од Серија А. Од друга страна, Емполи игра доста добро во последно време. Има три победи и реми во последните четири кола, но мислам дека овде фаворит е Фиорентина и е поблиску до триумф.

Предлог тип: 1 (1.88)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести