Напаѓачот на Јувентус на крстопат, кого да одбере од Баерн Минхен и Ливерпул

Голгетерот на Јувентус, Федерико Киеза одлучил да си замине од италијанскиот гигант, тврди „Кориере дело спорт“. Во сезоната која што измина Киеза одигра 21 меч во Серија А и имаше биланс од два гола и пет асистенции, а имаше и по еден гол во Лигата на Европа и Купот на Италија.

Киеза дојде во Јувентус во октомври 2020 година, прво како позајмен играч од Фиорентина, а потоа беше и купен. Сепак, сега постои опција Киеза да биде продаден, а за него се интересираат два гиганти.

Во игра е германскиот првак Баерн Минхен, како и англискиот премиерлигаш Ливерпул. Се очекува Јувентус да добие меѓу 30 и 35 милиони евра доколку се реализира овој трамсфер и италијанскиот репрезентативец си замине од Торино.

- Оглас -

Најнови вести