Напаѓачот од 100 милиони дебитираше за Ливерпул и веднаш се најде на удар на критики (видео)

Навивачите на Ливерпул не се потресоа многу по убедивиот пораз од 0-4 од Манчестер јунајтед. Сепак се работеше за прв контролен натпревар во претсезоната, во кој Јирген Клоп им даде шанса да многу млади играчи.

Шанса за деби доби и Дарвин Нуњес, 100-милионското засилување на Црвените. Уругваецот помина на теренот околу половина час, се најде во убава прилика да ја почне кариерата во Ливерпул со погодок, меѓутоа се посрамоти.

На социјалните мрежи веднаш му фатија сеир на Нуњес поради што промаши огромна шанса на неколку метри од голот на Де Хеа. Ја рогна топката високо над голот, во ситуација во која е потешко да се промаши.

https://twitter.com/ernisloko/status/1546868958422261760

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести