Наполи и Рома начекаа ривали по мерка, ќе ги продолжат победничките серии против Сампдорија и Удинезе

1610 Сампдорија – Наполи (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Наполи повторно ќе игра за да се врати на врвот и ако победи, ќе го има најдобриот старт во Серија А во последните неколку години.

На гостите им треба петта победа по ред за повторно да бидат лидери и единствена екипа со сите триумфи по пет кола во Калчото. Наполи доаѓа на „Луиџи Ферарис“ со серија од пет победи во меѓусебните дуели со Сампдорија.

Во тој циклус двапати славеа на гостински терен, па очекуваат и хет-трик. Екипата од Џенова минатиот викенд успеа да победи за првпат во новата сезона, па по триумфот од 3:0 против Емполи, сака подвиг против Наполи.

Иако Сампдорија знае да биде незгодна на свој терен, Наполи е голем фаворит. Гостите се во опасен налет, знаат како се победува Сампдорија, имаат и поквалитетен тим и одлични резерви и типуваме дека и по шестипат по ред ќе го надиграат ривалот од Џенова.

Предлог тип: 2 (2.10) Супер тип на Sport Life

 

3009 Торино – Лацио (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Лацио е меѓу најефикасните екипи во Серија А со 11 постигнати гола, но дојде до пад во формата и два кикса. Загуби од Милан, што не е неочекувано, но ремито дома со Калјари е изненадување.

Гостите ќе сакаат да избегнат и трет неуспех, а играат против екипа од која немаат пораз на последните четири меѓусебни дуели. Мало изненадување сезонава е добрата одбрана на Торино.

Биковите примија 4 гола во четири кола, што е добро за нив ако се знае дека лани примија вкупно 69 погодоци и ја имаа петтата најслаба одбрана во Серија А.

Лани Лацио во еден од најубавите натпревари во Калчото и дуел со многу пресврти го победи Торино на гости со 4:3, а потоа двете екипи одиграа меч без голови во Рим.

Проблем за Торино е што се повредени Белоти, Заза и Верди, па единствен напаѓач им е Санабрија. Адут на Лацио стандардно е најдобриот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле, и според нас, гостите се поблиску до победа во меч што ќе биде ефикасен.

Предлог тип: Х2&3+ (2.60)

 

1308 Осасуна – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 19.30 часот)

Двете екипи имаат иста гол-разлика, 6:6, но Осасуна има 8 бода, два повеќе од Бетис. Проблем за тимот од Памплона е што не можат долго време да го победат Бетис, а незгодната серија им е актуелна и трае веќе на 7 меѓусебни дуели.

На тие мечеви билансот е 6 победи на Бетис, едно реми и само еден постигнат гол за Осасуна, и тоа пред пет години. Седмицата треба да се разбие, а Осасуна последен пат го победи Бетис пред 7 години на „Ел Садар“.

Грото од бодовите лани Осасуна ги освои токму на својот терен, но Бетис воопшто не беше лош како гостин во ланското издание во Ла Лига, а меѓу седумте триумфи на гостински терен беше и тој на „Ел Садар“ со 2:0.

Сега тимот од Севилја има можност да ја продолжи убавата серија против домаќинот, а има малку поквалитетен тим и типуваме дека нема да загуби на меч со голови во двете мрежи.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.70)

 

1309 Гранада – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 19.30 часот)

Гранада сè уште ја чека првата победа во новата сезона во Ла Лига, а ќе биде осоколена по ремито на „Камп ноу“ против Барселона. Тука испуштија голема шанса за прв триумф, бидејќи водеа со 1:0 до 90-тата минута.

Сега ќе играат со уште еден незгоден ривал, а интересно е што со Реал Сосиедад немаат ремизирано на 9 меча по ред, или од 2015 година, кога на „Лос Карменес“ беше нерешено 1:1.

Гостите имаат многу проблеми со повреди на играчите и надвор од редовите им е безмалку цел еден тим. На последниот меч им се повреди и најдобриот напаѓач и стрелец Исак, па ќе мораат без него да атакуваат на победа против Гранада.

Реал Сосиедад е во убава серија од пет меча без пораз, Гранада е во сосема спротивен тренд, со пет меча по ред без победа, па типуваме дека во меч со голови на двете страни гостите повторно нема да загубат.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.35)

 

3010 Рома – Удинезе (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Удинезе беше декласиран од Наполи со убедливи 4:0, а и Рома претрпе пораз, прв сезонава на гости кај Верона. Римската Волчица со тоа ја прекина убавата серија од шест победи по ред, па ќе се обиде да почне нова денеска на меч против Зебрите од Удине.

За гостите нема да игра Илија Несторовски, кој сè уште е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. И со него во составот, Удинезе не успеваше да ѝ парира на Рома, екипа која има серија од пет победи во меѓусебните дуели со денешниот ривал со гол-разлика од 11:0.

Жозе Мурињо е мајстор за мотивација, ќе се обиде да им ја врати самодовербата на своите играчи по неочекуваниот пораз од Верона, а Удинезе е стар муштерија на Волчицата и типуваме дека пак ќе загуби во Рим.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести